
Полицијата потврдила дека е уапсен 29-годишниот Стеван Којиќ од Јагодина, осомничен за убиство на неговата сопруга 26-годишната Жаклина. На осомнчениот му е одреден 48-часовен притвор.
Убиството се случило синоќа околу 23 часот во нивната семејна куќа во Јагодина.
Стеван брутално ја претепал Жаклина, удирајќи ја и со раце и со нозе се до смрт, додека децата на возраст од три и една ипол година биле во соседната соба.
Жената починала од здобиените повреди, уште пред да биде хоспитализирана.
Инаку Стеван и Жаклина неодамна беа дел од емсијата „ДНК“ која се емитува на Пинк телевизија, а се пренесува и во Македонија на ТВ Алфа.