Србија: Апсење на дилери на дрога ширум земјата

Акцијата под работно име „Гром“, се спроведува на основа на налог донесен на седницата на Бирото за координација на работата на службите за безбедност, со која претседавал српскиот вицепремиер Александар Вучиќ.

Акцијата, како што пишуваат српските медиуми, била синхронизирана и еднодневна, а преку истата се приведуваат припадници на организирани криминални групи кои се занимаваат со продажба на дрога.