Рангелова: Преку Програмата за субвенционирање на вработување, во 2014 година ќе се вработат нови 587 лица

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува мерка на Владата на со која им се дава шанса и можност за вработување на оние кои најтешко доаѓаат до ново работно место.

„Благодарение на Програмата за субвенционирање на вработување, во 2014 година ќе се вработат нови 587 лица кои се активни баратели на работа, но кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот.
Оваа мерка е наменета и за лица на возраст од 50-59 години, млади лица до 29 години, долгорочно невработени лица ( пет години и повеќе), како и лица кои до 18 години имале статус на деца без родители.
Да потсетиме дека во категоријата на лица од 50-59 години се оние луѓе кои најтешко се снаоѓаат на пазарот на трудот и својата работа ја изгубиле во времето на криминалната приватизација на СДСМ,“ истакна Рангелова потенцирајќи дека оваа мерка е одлична шанса и за младите лица до 29 години кои се невработени и кои веќе размислуваат за оформување семејство и понатамошно креирање на успех во својот живот.

„Би сакале да потенцираме дека во оваа мерка се опфатени и оние лица со кои си поиграла судбината. Односно 80-тина од овие 587 вработувања се наменети за лица од ранливите групи.Лица жртви на семејно насилство, бездомни лица, деца без родители, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, како и луѓе кои биле жртви на трговија со луѓе.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за оваа мерка одвои 47.520.000 денари од буџетот на Република Македонија. Грижата за сите категории на граѓани од страна на ВМРО-ДПМНЕ продолжува во континуитет. Она што беше ветено-веќе се остварува,“ изјави Рангелова.

Финансиската поддршка за вработување на невработени лица од ранливи групи изнесува 17.000 денари по лице месечно, од кои 3.000 денари по лице ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес.За секое вработено лице ќе се исплаќа бруто плата во износ од 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавачот има обврска лицето да го задржи на работа најмалку уште 12 месеци (вкупно 18 месеци) или што е уште поважно на негово место да вработи друго невработено лице од истата целна група.