После Мата, Јунајтед го купува и Лук Шоу

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, најверојатно ќе биде следната дестинација на репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на Саутемптон, Лук Шоу.

Англиските медиуми потврдија дека сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, се подготвени да одвојат околу 25 мил. евра за офанзивниот лев бек, кој веќе подолг временски период важи за голема желба и на лондонскиот премиерлигаш Чезли.