
Високите цени на раноградинарските зеленчуци и овошјето, што покрај јајцата и месото најмногу се трошат за време велигденските празници и оваа година не ги изненади граѓаните . Дел од нив револтирано велат дека секоја година трговците се бескомпромисни во креирање на празничните цени на земјоделските производи .
Камерата на „Нетпрес“ го посети Зелениот пазар во централното подрачје, каде што ги забележа нивните реакции.