
Фотографот Сет Кастел, кој е познат по своите подводни фотографии со кучиња повторно освојува, но овој пат со неодоливи и забавни бебиња ки пливаат под вода.
Тој направил околу 10.000 фотографии од над 750 бебиња за оваа одлична серија фотографии.
Целта му била преку овие фотографии да ја зголеми свесноста за фактот дека ненамерното давење е една од најголемите причини за смрт кај децата на возраст од 1 до 4 години.
Бебињата во проектот на Кастел се дел од програма која била дизајнирана со цел да се прилагодат децата на водата и да им се помогне да се разбуди нивниот инстинкт за преживување доколку се најдат во вакви ситуации. Тие учат како да го задржуваат својот здив, како да пливаат и како да лебдат на грб откако ќе влезат во вода. И додека го прават сè тоа, како и секогаш изгледаат премногу неодоливо!
Извор: Кафе пауза.мк