
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, денеска додели 25 решенија за легализација на објекти на улицата Белградска. Со ова, овие жители на Центар по долги години стануваат свои на своето.
– Граѓаните се презадовлни од тоа што конечно по децениско талкање низ институционалните лавиринти, конечно успеаја да добијат своја сопственост на објектите – велат од Општината.
Повеќето од овие барања се однесуваа на објекти изградени веднаш по земјотресот од 1963 година.
– Пред повеќе од 5 децении, јас сум родена во оваа куќа. Толку траеше и голготата на моето семејство за да си ја добиеме нашата куќа. Многу сум среќна и многу ви благодарам – рече Ферида Омерагиќ.
Општина Центар досега додели 2.500 решенија за утврдување на правен статус на бесправен објект. Рокот за легализација на објектите завршува во март, 2017-та, а до декември 2015-та е рокот за поднесување на геодетски елаборати.