
Иран ќе склучи конечен договор за нуклераното прашање со шестте големи сили само при укинување на санкциите, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.
– Нема да потпишуваме никаков договор, освен ако уште истиот ден не бидат укинати сите санкции… Сакаме теков договор, од кој сите страни во преговорите ќе имаат корист, посочи Рохани.
Иран и шесторката минатата недела во Лозана постигнаа рамковен договор за нуклеарната програма на Техеран.