Ограбена бензинска на автопатот Куманово – Скопје

Бензинска пумпа на „Лук Оил“ на автопатот Куманово – Скопје изутринава била ограбена од вооружен и маскиран напаѓач.

Тој од вработените одзел 7.500 денари.

Од МВР велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.