ЕХФ му дозвли на Косово да игра пријателски натпревари

Извршниот комитет при Европската ракометна федерација (ЕХФ) и даде зелено светло на Ракометната федерација на Косово да формира репрезентација која ќе може да игра пријателски натпревари. Оваа одлука, која беше донесена за време на Европското првенство во Данска веднаш стапува на сила , а на Косово му е дозволено и да учествува на Европското првенство за млади категории.

Репрезентацијата на Косово ќе може да учествува во квалификациите за европсите првнства во категорија до 19 – години, како и за ракометари на континентални натпреварувања за помлади од 18 – години.

Во соопштението објавено на официјалната интернет страница на ЕХФ за евентуално полнправно членство на Косово во Евроската ракометна федерација ќе се расправа во септември на конгресот во Даблин.