
Шпанецот Рафаел Надал, кралот на земјена подлога, не очекува многу од новата сезона во мечевите на ваква подлога.
Деветкратниот победник на Ролан Гарос во моментов е на петото место на АТП листата, а пред почетокот на Мастерсот во Монте Карло призна дека неговата моментална форма е најлоша во кариерата.
-Мислам дека никогаш не сум дочекал една сезона на земјена подлога како што е сега. Се наоѓам на петото место на АТП листата, а мислам дека уште ќе паѓам. Мојата проценка се темели на следните седум, осум недели и доколку не можам да остварам добри резултати, уште повеќе ќе го расипам рејтингот, изјави Надал.
Шпанецот од 2005-та до 2012-та година осум пати победуваше во Монте Карло.