
Македонскиот центар Перо Антиќ во интервју зборуваше за инцидентот во Њујорк за порталот „AJC“.
Антиќ изјави дека тој и Сефалоша не биле заедно со кошаркарот на Индијана Крис Коуплент кој беше прободен во тој инцидент, а настрада и неговата девојка, како и уште една повозрасна жена.
Македонскиот центар вели дека воопшто не го виделе Коупленд и дека сето она што се случувало, се случило пред тие да се најдат таму.
-Немаме никаква врска со тоа што се случи, не бевме заедно. Ние дури не го видовме него, што и да се случило, се сличило претходно, изјави Антиќ, кој додава:
-Би рекол дека ова е чист пример да се биде на погрешно место во погрешно време, потенцира нашиот кошаркар.
Антиќ воедно додаде дека снимката која се појави доволно зборува за тој инцидент и дека тие имаат правен тим кој добро си ја врши работата и наскоро вистината ќе излезе на виделина.
Антиќ и Сефалоша се приведени во инцидентот со образложение дека ја попречувале полицијата во својата работа.