ОН ги повика учесниците на либискиот конфликт на преговори

Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика учесниците во преговорите за Либија да постигнат спогодба за влада на национално едниство, со цел да се стави крај на кризата и се закани дека ќе воведе санкции, кон секој, кој ќе се обиде да ги попречи преговорите.

Во декларацијата, која едногласно беше усвоена од 15-члениот Совет за безбедност се потенцира вчерашното обновување на преговорите во Алжир и се додава дека со нетрпение се очекува следниот круг од преговорите, кој почнува утре во Мароко.

Во декларацијата се истакнува дека Советот за бебедност  е подготвен да воведе санкции против сите оние, кои им се закануваат на мирот, стабилноста и безбедноста на Либија или кои и пречат на политичката транзиција на земјата.