
Грчката Влада се подготвува да прогласи банкрот на државниот долг, доколку до крајот на април не успее да постигне договор со кредиторите, пренесе ТАСС.
Весникот „Фајненшел тајмс“ забележува дека евентуалниот грчки банкрот ќе значи досега незабележен шок за еврозоната. Предупредувањето може да е и тактички чекор во преговорите што за цел има Грција да добие што е можно поблагопријатни услови од кредиторите.
Европските влади исто така подготвуваат вонредни планови за случај на евентуален грчки банкрот, забележува весникот.