
Две лица се убиени, а петмина се ранети во престрелка во добротворна организација во истанбулскиот кварт Гултепе, соопшти весникот „Акшам“.
За сега непознати лица синоќа упаднале во зградата и почнале пукаат. Вработените во организацијата возвратиле на огнот и почнала престрелка при што седум лица се здобиле престрелка со прострелни рани.
На местото на настанот веднаш пристигнале полициски и медицински екипи но и покрај напорите на лекарите, две лица починале.
Според информациите, повод за пукањето е непријателството меѓу членови на добротворната организација и напаѓачите.
До сега полицијата приведе 24 лица кои се сомничат дека имаат некаква поврзаност со инцидентот.