
Општината Македонска Каменица преку Министерството за финансии аплицираше пред Светска банка за грант од 260 илјади евра за изградба на локалната патна мрежа, пишува МИА.
– Нашата апликација, според Програмата за 2015 година, е прифатена, техничката документација е комплетирана и наскоро ќе започнеме со изградба на два локалани патни правци до Сарафско маало во село Саса и до Качачко маало во село Моштица, изјави Дарко Митевски, градоначалникот на Македонска Каменица.
Со средства од општинскиот буџет, од Рудникот „Саса„ и од други донатори годинава на подрачјето на Македонска Каменица ќе се градат и реконструираат и други локални патишта, меѓу кои и патот до селото Цера, односно до манастирскиот комплекс „Покров на пресвета Богородица“ во месноста Еленец.
Покрај изградбата на локалните патишта, годинава во општината Македонска Каменица ќе се градат и други објекти од комуналната инфраструктура, во општинскиот центар и во околните населени места.