Изложба „Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950“ во Загреб

Изложбата „Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950 – македонскиот фолклор и идентитетот“ ќе биде отворена денеска во Загреб, Република Хрватска, во галеријата Етно арт.

Станува збор за колекција од 170 репрезентативни примероци на разгледници од збирката на д-р Бранислав Светозаревиќ кои датират од крајот на 19. век до средината на 20. век.

Изложбата во организација на Музејот на македонската борба и хрватско-макеоднското друштво ќе ја отвори д-р Јосип Форијан. Овој настан е дел од тридневната манифестација на претставување на македонската култура и гастрономија во Загреб под насловот „Три дена сонце“.

Покровители на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Хрватска и Советот на македонското национално малцинство во Загреб.