Карванот за „Купи куќа, купи стан“ тргнува од Охрид

Во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“, Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании денеска во Охрид ќе одржат презентација на проектот.Ќе биде презентиран начинот како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и куќи.

Сите информации за проектот денеска ќе бидат презентирани во Охрид во 17 часот, а потоа секоја недела карванот продолжува во друг град Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Куманово.

Заинтересираните граѓани ќе можат да ги посетат презентациите и да се информираат  за субвенцијата за купување сопствен дом.

Од Министерството за финансии информираат дека  карваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.