
Француските царинарници запленија од еден едреник во Карипското Море 2,25 тони кокаин, што е нивна досега најголема заплена, соопштија синоќа француските власти.
Кокаинот е пронајден на 200 километри од брегот на францускиот остров Мартеника, во брод кој „лажно пловел под американско знаме“.
При акцијата, уапсени се три лица.