ВИДЕО: Брод со имигранти се насука кај Родос, три лица загинаа

Најмалку три лица загинаа денеска кога брод што превезувал илегални имигранти се насука во близина на грчкиот остров Родос, пренесува МИА.

За време на спасувачка операција пронајдени се телата на маж, жена и дете, кои паднале во морето и се удавиле.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека при операцијата досега се спасени 83 луѓе, од кои 23 се пренесени во болница, а остантите се приведени во локалната полициска станица.

Акција за потрга по уште евентуално преживеани имигранти продолжува.

Според грчките медиум, останува нејасно колку вкупно имигранти имало на бродот, а засега не е позната ни нивната националност.

Годишно десетици илјади илегални имгранти сакајќи да влезат во ЕУ, се обидуваат од Турција преку водите на Егејското Море да стигнат до Грција или некои од грчките острови.

фото: greekreporter