Украинците масовно бегаат во соседните земји

Повеќе од 800.000 Украинци избегале во соседните земји откако започна воениот конфликт во земјата.

До 16 април молби за добивање азил или друг легален статуис во соседни држави поднеле 800.961 Украинци. Од нив, 660.000 се во Русија и 81.000 во Белорусија.

Според информациите на Обединетите Нации, бројот на Украинци кои бегаат од Донбас кон други региони во Украина до 15 април бил 1.228.000 луѓе. Според податоци на ОН, за една година во конфликтот во Украина загинале 6.116 луѓе и 15.500 се ранети.