
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо неколку пати досега покажа дека е еден од најталентираните актери во светот, па иако се навикнавме веќе во филмовите до го гледаме дотеран и избричен, Лео во приватниот живот е сосема понаков.
Тој во неделата беше фотографиран како ужива на ручек во еден ефтин ресторан заедно со пријателите во Њујорк. Странските медиуми пишуваат дека тој бил речиси непрепознатлив со долга брада и со коса во комбинација со очила за сонце.
Иако бил во друштво на пријателите, тој не го одвоил погледот од неговиот паметен телефон.
Инаку актерот веќе подолго време носи брада и долга коса поради што обожавателките му замеруваат дека изгледа постар отколку што е.