Речиси 20.000 евра и златен накит украдени од куќа во Дебар

Тешка кражба се случила во куќа во Дебар во периодот помеѓу јануари и април годинава.

Крадецот од куќата одзел 19.700 евра и златен накит.

Од МВР велат дека е извршен увид и дека се работи на целосно расчистување на случајот.