
Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од преговорите меѓу Белград и Приштина под покровителство на воската претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, пренесува МИА.
На средбата ќе учествуваат српскиот премиер Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Иса Мустафа.
– Високата претставничка Федерика Могерини ќе посредува на дијалогот меѓу Белград и Приштина на високо ниво, се наведува во соопштението од канцеларијата на шефицата на европската дипломатија.
Како што е предвидено, на состанокот ќе биде разгледан напредокот во примената на досега постигнатите договори и размена на мислења околу натамошниот тек на нормализација на односите.