
Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини синоќа објави дека во разговорите Белград-Приштина двете страни разгледале напредок во примена на постигнатите договори, особено договорот за судство и договорот за цивилна заштита, јави Танјуг.
На Твитер таа оцени дека состанокот бил контруктивен.
Во соопштение по состанокот се вели дека двете делегации размениле мислења за енергетиката, телекомуникациите и воспоставување на Заедница на српските општини.
Договорено е да бидат преземени конкретни чекори во периодот до следниот состанок.