
Голема антитерористичка акција извршуваат денеска силите на турската полиција во Истанбул, јавуваат локални медиуми. Се вршат проверки во канцеларии во различни делови од градот.
Во операцијата поддржана и од воздух со хеликоптер, учествуваат тимови за борба со тероризам и специјалци.
Медиумите јавуваат дека операцијата е насочена кон екстремистичката Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.
Во изминатиот месец таа организација презеде неколку напади. На 31 март терористи од организацијата убија обвинител кого претходно го киднапираа. Ден подоцна беше организиран и напад врз полициска станица во Истанбул.