УСАИД и општина Струга ќе им помагаат на лицата со попреченост

Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост во соработка со општина Струга утре со почетокот 12 часот во хотел Аполонија во Струга ќе го организира петтиот регионален промотивен настан.

Целта на проектот на УСАИД е да се зголеми зголеми социјалната инклузија и учеството на лицата со попреченост во целните региони поддржувајќи го нивното вработување и зголемувајќи ги економските можности.

Овој проект целта ја остварува со подобрување на нивните вештини за вработување преку организација на пракси и обуки, како и учество во кампањи за подигнување на јавната свест со што ги прави овие прашања повидливи за приватниот сектор и локалните заедници. Проектот започна во август 2012 година и ќе трае четири години. Помошта од проектот е наменета за лицата со попреченост од Скопје, Велес, Куманово, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга, Дебар и Кичево.

На настанот ќе присуствуваат директорот на канцеларијата за развој на УСАИД Македонија  Мајкл Стивејтер и градоначалникот на општина Струга, Зиадин Села.