Полицијата во Велика Британија направи реконструкција на неодамнешниот грабеж на членовите на познатата банда „Пинк Пантер“ на трезорот во централен Лондон и објави спектакуларни фотографии од урнатите ѕидови.
Ограбени биле 72 сефа, до кои крадците дошле откако претходно направиле дупка во бетонскиот ѕид со ширина од половина метар.
Во најголемиот грабеж кој Британија некогаш го видела, крадците од групата Пинк Пантер користеле тешка опрема за сечење и бушење за да дојдат до подрумот на трезорот на лондонската елитна улица Хатон Гарден, и од таму изнеле пари и накит во вредност од повеќе од 200 милиони фунти!
На фотографиите кои ги објавила полицијата, се гледаат расфрлени сефови, како и дел од алатите кои крадците ги користеле.
Од полицијата било соопштено дека нема знаци за насилен влез во зградата, а крадците до трезорот дошле откако го онеспособиле лифтот на вториот кат, и низ празното окно се спуштиле до подрумот, откако претходно го онеспособиле системот за аларм.
Полицијата соопштила дека на местото на злосторството пронашла околу 400 докази кои можат да помогнат во решавање на овој грабеж, кој се случил на 7. април оваа година.
Сомнение на “Пинк Пантер” фрла и добрата подготвеност на акцијата и сведоштвото на некои очевидци, кои “виделе неколку мажи од источна Европа како го набљудувале објектот една седмица пред грабежот”.
Пинк Пантерите во Британија се прославиле по грабежот во Лондон во 1993. година, кога украле дијаманти во вредност од 575.000 фунти, а потоа ги сокрила во кутии со крем, исто како криминалците од филмот “Враќањето на Пинк Пантер” од 1974. година. Бандата е составена од членови од Србија, Црна Гора и Хрватска.
На групата ѝ се препишуваат повеќе од 100 грабежи ширум Европа, но и во Дубаи и Јапонија.
Британските мафијаши ги бараат главите на “Пантерите”
Семејството Адамс, озлогласената англиска крими-империја тешка 200 милиони фунти, била разбеснета поради грабежот на трезорот кој го изведоа “Пантерите” и во кој токму тие се и тешко оштетени.
– Семејството Адамс има исклучително добри контакти во Хатон Гарден и токму поради тоа овој дел од Лондон различни компании и криминални групи го заобиколуваат во широк агол. Хатен Гардон е токму нивна територија. Се зборува дека во сефовите тие чувале голем дел од богатството кое е сега украдено, а поради тоа тие се многу бесни, пишуваат британските медиуми.
Водачи на семејството Адамс, кои се занимаваат со криминал долги децении, денес се Томи (55) кој живее во куќа вредна близу четири милиони долари во ближната населба Клеркенвел и неговиот брат Тери, кој наводно поседува неколку стриптиз клубови во тој дел на Лондон.
Во последните два големи грабежи во Британија, токму внатрешните информации од службениците во банките и јувелирниците биле клучни за извршување на акциите.
Подемот на семејството Адамс
Богатството на ова семејство се проценува на 312 милиони долари. Криминалците се поврзани со најмалку 25 убиства.
Нивниот подем започнува во 80-тите години, кога тие започнуваат да се занимаваат со трговија на наркотици, изнудувања, киднапирања и финансиски измами.
Кариерата ја започнале со рекетирање, по што се вклучуваат и во вооружени грабежи. Противниците најчесто ги застрелуваат во колена, буквално ги колат или ги тепаат безмилосно.
Во текот на 90-тите години тие стекнуваат и најголема сила кога Тери започнува да го води семејството како финансиска корпорација.
Затворот често го избегнуваат заплашувајќи ги сведоците и поради своите контакти со полицијата.
Тери Адамс заработил толку многу пари што со 35 години веќе се пензионирал и станал светски патник, престојувал во луксузни хотели и купувал недвижнини.
Тие се апсени повеќе пати, но пресудите се ретки. Томи во 1998-мата година бил осуден на седум години затвор поради трговија со канабис, а Тери во 2007-мата година исто така на седум години поради перење на пари.