
Во врска со кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, извршено на 21.04.2015 година со напад на Полициската станица за гранична контрола Гошинце, по претходно обезбедени наредби од Судија за претходна постапка за претрес на дом и други простории, вчера, во содејство со специјалните единици на МВР на Репблика Македонија, извршен е претрес во дом и други простории на две локации во село Брест и една локација во село Брњарци.
При претресот во објектите во с.Брест кај 55 годишно лице, за кое постоеле сомненија дека било дел од групата што ја нападна караулата, биле пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени: 2 автоматски пушки 7,62 мм. со 5 рамки и 100 куршуми калибар 7,62 мм. за автоматска пушка, 2 снајперски пушки 7,9 мм. со 3 рамки и 20 куршуми калибар 7,9 мм., 10 пиштоли М57-ТТ 7,62 мм. со 22 рамки и 9 куршуми 7,62 мм. за пиштол, футрола за пиштол, 1 радио станица со 2 полначи, маскирна униформа со ознаки од „УЧК“, како и делови од облека, и други предмети.
Погледнете како изгледаше акцијата на МВР.