
Амбасадорот на Европската унија во Украина, Јан Томбински, заедно со другите европски дипломати пристигнаа во Врховната Рада, украинскиот парламент, за да одржат средби со претседателот на парламентот Владимир Рибак и со лидерите на парламентарните групи, пренесоа локалните медиуми.
„Пристигнавме во Парламентот, за да се сретнеме со лидерите на парламентарните групи и за да ги видиме какви се нивните планови“, истакналТомбински. На прашање на новинарите, дали европската страна е подготвена да биде посредник во разговорите меѓу власта и опозицијата, Томбински рекол дека засега не постојат такви планови.