
Петар Наумовски е избран за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација од 28-те членки на Изборното собрание одржано вечерва во „Александар Палас.”
Претходно, неговиот противкандидат, Абдурахим Бајрактар ја повлече кандидатурата за претседателските избори .
Наумовски е осмиот претседател на македонската Куќа на кошарката а доаѓа на местото на Даниел Димевски кој беше претседател од 2005 година. Наумоски беше предложен од Иницијативниот одбор за промени предводен од Карпош Соколи и МЗТ Скопје.
Бајрактар им се извнини на клубовите кои го подржаа но откако беше утврдено дека според Сатутот не може да биде кандидат за претседател турскиот конзул се повлече од претседателската трка.
Наумоски најави дека ќе направи се што е во негова моќ за добра соработка со сите клубови, за деблокирање на сметката на МКФ, за развивање на младинските категории и за постепено намалување на бројот на странци во домашното првенство.
Покрај избирањето на нов претседател, на вонредното Изборно Собрание беа изгласани и членовите на новиот Управен одбор.