Претставниците на Средношколскиот пленум изјавија дека се позитивно изненадени од денешната средба со министерот за образование Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски и дека постои позитивнно расположение кој влева надеж дека можно е да се врати стариот концепт на државна матура. Тие информираат дека преговорите одат во одлична насока и очекуваат во најбрз можен рок да постигнат компромис и со тоа да бидат задоволени и двете страни.
Неофицијално, предлогот Адеми ќе го постави на владина седница, по што ќе се знае дали барањењето на средношколците ќе биде прифатено. За другите барања ресорното министерство не било расположено за преговори, но средношколците велат дека средбите ќе продолжат и во наредните денови.
Во меѓувреме, кампувањето на средношколците во Паркот на новинари спроти зградата на МОН, продолжува.
Инаку, Владата на Република Македонија преку МОН веќе водеше преговори со легитимниот претставник на средношколците, односно Унијата на средношколци на Република Македонија и го исполни нивното барање математиката да не биде задолжителен, туку алтернативен предмет при полагањето на државна матура.