Сојузот на синдикати на Македонија заедно со 18-те здружените синдикати во својот состав , во изминатите 5 години презедоа голем број активности во општествениот и економскиот живот на државата, со кои од позиција на претседател на Сојузот можам да бидам задоволен . За изминатиот период постигнати се значаен дел од предизвиците кои беа зацртани во агендата со која го добив мандатот на лидерската позиција , но во основата на синдикалното ангажирање е вистинскиот синдикалец никогаш да не биде докрај задоволен од постигнатото, вели лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски.
„На иницијатива на Сојузот во 2012 година донесен е Законот за минимална плата со што е обезбедена долната граница на висината а платата на вработените во РМ и истовремено значеше сто процентно зголемување на платата за 65000 најниско платени работници,“ истакна Митревски.
Првиот човек на ССМ посочи дека е направен и значаен придонес кога во2011 година била промовирана синдикалната минимална кошница како пореален модел на пресметување на трошоците на живот. Освен прикажувањето на вистинските трошоци на живот, синдикалната кошница отворила можност за иницирање други прашања, како: одредување основа за минимална и најниска плата, барање модели за помош на граѓаните кои живеат во сиромаштија и други актуелни состојби. Вредноста на синдикалната кошница за месец декември 2010 година изнесувала 29.199 денари. (март 2015 вредноста синдикалната минимална кошница изнесува 251денари и е повисока од првата објавена за 10,45 проценти.
Крупен и историски чекор според Митревски е и Законот за минимална плат, донесен во 2012 година со што е обезбедена долната граница на висината на платите на работниците. После подолг временски период со ангажман на ССМ повторно е воспоставено правото на регрес за годишен одмор за работниците од приватниот сектор во стопанството . Тој ги поздравува и направените измени во Законот за работни однси во делот на унапредување на заштитата од сите облици на дискриминација , заштита за време на бременост, раѓање и мајчинство , прецизирање на договорите за вработување во насока на заштита на работниците од непријавена работа, обезбедена заштита кај спогодбените откази.
„Сојузот најдирекно и најконкретно ја остварува својата статутарна и програмска определба за заштита на работничките права преку организираната бесплатна правна заштита за своето членство. На овој начин, во периодот од 2011 до 2014 година е обезбедена бесплатна правна заштита во врска со над тринаесет илјади обраќања по разни правни основи. Податоците говорат дека во периодот 2011-2014 година се поднесени 862 тужбени барање, водени се 1.060 расправи и се добиени 576 пресуди. За одбележување се превентивните активности и спогодбено решените проблеми по пат на 7.356 дадени совети, 1.459 изготвени барања, 1051 приговори и 183 спогодби, вели Митревски.
Првиот човек на Синдикат зборува и за бенефитите од законот за хонораци при тоа посочуваји дека ќе се елиминира големата нелојална конкуренција и ќе се елминира еден голем дел на работници кои работат во сива економија и не се заштитени.
„Оваа синдикална организација се бори за подобар животен стандард, за поголемо вклучување на граѓаните во работниот процес и за зголемување на вработувањето, за намалување на сиромаштијата, за поголем економски раст и развој, за подобрување на квалитетот на условите на работење и живеење, за почитување на правата на работниците утврдени со закон и колективен договор, за работа и плата достојна за секој човек,“посочува Митревски.
Почетоците на синдикалното движење во Мкаедонија датираат од поодамна, но во 1908 година синдикатите легитимно дејствувале за првпат, признати од тогашната османлиска младотурска власт.