
Новоформираното тело, Инспекциски совет ги додели првите 624 привремени лиценци за работа. Следната година во јуни, тие ќе полагаат испит за да се стекнат со лиценца чија важност ќе изнесува 6 години, објави ТВ Канал5.
Според првиот човек на Инспексискиот надзор, ова е дел од започнатите реформи во оваа област.
-И на инспекторите и на инспекциските служби ќе им дадеме целосна поддршка оваа реформ а да ја пребродиме, оти прв пат оваа реформа за воспоставуваме. Целта е да го воспоставиме овој систем и тоа ќе успееме да го наравиме и со ваша поддршка во иднина овој ист систем да можеме да го предадеме и на други земји во регионот и пошироко“ изјави Ванчо Каргов, директор на Инспекциски совет.
Во Македонија има околу 900 инспектори а токму инпекциските служби треба да придонесат за доследно извршување на регулативата во државата , но истовремено да бидат во функција и заштита на слободите и правата на граѓаните, истакна министерот за информ атичко општество Иво Ивановски
„ Како Влада настојуваме да ја зголемиме ефикасноста и ажурноста во функционирањето на инспекциските служби, да овозможиме засилена координација во вршењето на инспекцискиот надзор, како и регулирање на организацијата и раководењето на инспекциските служби, правата и обврските на инспекторите, како и хармонизација на постапката за вршење надзор, рече Ивановски.
Со подзаконските акти на Законот се регулираат условите за вршење на работат на инспекторите, се воспоставуваат критериуми за следење на успешноста на нивните активности, а се дава и поголемо значење на постојаното едуцирање и усовршување на инспекторите.
ФОТО: Канал5