Контроверзниот напаѓач на италијанскиот калчо гигант Милан, Марио Балотели, повтроно ги демантираше пласираните шпекулации дека во игра е и опцијата да си замине од “Сан Сиро” за време на зимскиот преоден рок.
Италијанските медиуми во последните неколку дена ја форсираа приказната дека Балотели е голема желба на лондонскиот премиерлигаш Челзи и на најбогатиот клуб во Франција, ПСЖ.
„Секој ден читам нешто ново за мене, секој ден има нова шпекулација. Нема ништо точно во тие пласирани информации, ништо не е точно. Јас како фудбалер на ПСЖ? И таа информација не е точна, категорички ја негирам, нема грам вистина”, изјави репрезентативецот на Италија.