
Три или четири илјади хектари земјоделско земјиште ќе бидат ново огласени за распределба, објави премиерот Никола Груевски на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одржува во Куманово.
Премиерот истакна дека од 2011 година до сега вклучително и оваа, за земјоделците издвоиле, исплатиле и исплаќаат 670 милиони евра за земјоделските субвенции.
-Распределени се 16 000 хектари земјоделско земјиште. Наскоро следува нов оглас за распределба на 3-4 000 хектари. Во 2012 е воведена можност за легализација на објектите на земјоделско земјиште и на земјоделската механизација, посочи Груевски додавајќи дека донесен е закон и се зголемени субвенциите за земјоделски задруги, а овозможен е и паралелен увоз на пестициди што придонело за нивно поевтинување