
Војвотката од Кембриџ денес роди девојче, а Кралството Велика Британија доби нова престолонаследничка.
Со оглед на тоа дека новиот член во семејството се уште нема име, британските медиуми соопштија дека бебето ќе биде ословувано со титулата „принцеза“.
Во текот на денешниот ден, голем број обожаватели со податоци и транспаренти го поздравија кралското семејство и имаа можност да ја видат принцезата кога со родителите ја напушти болницата.