Најголемата фудбалска ѕвезда на Англија, Дејвид Бекам вчера го прослави 40.роденден.
На забавата која се одржа во Маракеш, Мароко, присуствуваа околу 60 најблиски пријатели на поранешниот фудбалер, меѓу кои и поранешните членки на групата Spice girls и актерката Ева Лонгорија.
По тој повод, Бекам направи профил на социјалната мрежа Инстаграм каде објави неколку фотографии од прославата на роденденот, а воедно им се заблагодари на сите за убавите честитки.