Груевски: Следната есен ќе бидат реализирани планираните роуд шоуа

Планираните презентации и роуд шоуа кои беа планирани за овој период и кој ги одложив заради фокус на деструктивните однесувања на опозицијата, ќе бидат реализирани следната есен.

Ова го истакна премиерот на РМ и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од денешниот конгрес во Куманово.

Во врска со проектот со консултанстката куќа Меккензи, Груевски најави дека е можно да биде продолжена соработката со нив.

-Имавме заеднички проект со светски познатата консултанстка куќа Меккензи, во правец на дополнителни засилувања на нашите капацитети и организација за привлекување на нови инвеститори кои ќе отворат нови работни места. Можно е да ја продолжиме соработката со нив, потенцираше премиерот.