НБА: Атланта израмни на 1:1, Мемфис направи “брејк” против Голден Стејт

Атланта славеше против Вашингтон и успеа да го анулира водството на “волшебниците” од првиот натпревар.

Домаќините победија со 106:90, во натпревар каде најефикасен во победничкиот тим беше Демари Керол со 22 поени, а одлични беа и Ал Хорфорд и Пол Милсап со по 18. Нашиот Перо Антиќ одигра 20-тина минути и успеа да запише 8 поени и 3 скока.

Во тимот на Вашингтон, Рејмонд Сешнс имаше 21 поен, додека Бредли Бил забележа 20 поени и 7 асистенции.

На другиот дуел кој се одигра утринава, Мемфис успеа да го изненади најдобриот тим од регуларниот дел на НБА лигата, Голден Стејт и да го победи на гости.

Најзаслужен за победата на гостите беше повратникот Мајк Конли со 22 поени, а одличен беше и Зек Рендолф со 20 поени.