
Бројката на повредени полицајци од насилните партиски протести на СДСМ одржани вчера пред зградата на Владата се искачи на 38 полициски службеници.
Покрај повредените полицајци демолирани се и полициски автомобили и запалени се контејнери во тек на организираниот партиски протест што уследи по прес-конференцијата на опозицискиот лидер Зоран Заев.
– Полицијата вечерва беше предмет на досега невиден брутален напад. Полицаецот со посериозни повреди бил нападнат со шипки и бекатон плочки. Демолирани се неколку полициски автомобили, како и државен имот кај Владата, изјави синоќа Иво Котевски.
Во тек на протестот демонстрантите фрлаа најразлични предмети кон полицијата и се обидуваа да влезат во Владата.