
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како една девојка со боксови го нападна полицискиот службеник кој приведуваше еден учесник во синоќешните насилни демонстрации на СДСМ.
Од друга страна, претседателката на градската организација СДСМ – Скопје, Софија Куновска на својот профил на Фејзбук објави линк од текст објавен во Вашингтон пост и во наслов напиша:
„Ете не во Вашингтон пост. Мирни и ненасилни. За нас и нашите деца“.
Ако се погледне текстот во Вашингтон пост веднаш паѓа во очи дека, текстот започнува со фразата:
„Насилни протести избувнаа доцна во вторникот за време на демонстрациите во главниот град на Македонија, Скопје…“
Само за потсетување, епилогот од „мирниот и ненасилен“ протест се 38 повредени полицајци, 1 цивил, 30 приведени лица и голема материјална штета.