Дваесет и шестгодишниот Ј.Р. од Радовиш доби кривична пријава бидејќи нападнал службено лице кое било на должност.
На 28. овој месец во казиното „Адмирал“ од страна полицијата при преземање на мерки од страна на пријавениот физички биле нападнати, по што Ј.Р. се дал во бегство.
По ова, пријавениот телефонски се јавил во полициска станица Радовиш упатувајќи закани кон полицајците, а по кратко време истиот е приведен и од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.