
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Д.(49) од Битола, шалтерски работник во Македонска пошта подружница Битола поради сомнение за сторено кривично дело „послужување во службата“.
Во периодот од 26.08 до 29.09.2014 година пријавената во својство на службено лице во повеќе наврати неовластено присвоила 83.440 денари.