
Македонската асоцијација на новинари, преку писмено соопштение, најосто го осуди инцидентот во кој беа нападнати медиумите Радио Слободна Македонија и Република за време на синоќешниот партиски собир организиран од СДСМ и СОРОС, како и нападот на неколкумина фоторепортери.
Од МАН апелираат дека никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршење на својата работа.
„МАН смета дека никој не треба да прави вакви инциденти и да демолира простории на медиуми. МАН посочува дека разликите да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со напади и демолирање на медиуми, како и навреди, закани и насилство врз претставниците на медиумите“, се вели во соопштението.
МАН смета дека е ова резултат на агресивната политика за која се залага раководството на СДСМ и побара надлежните најостро да ги казнат сторителите.