Демонстрант нападнал и повредил девојче пред Собранието, откако и денешните протести ескалираа и дел од демонстрантите ја нападнаа и полицијата.
Последните информации од терен говорат дека е нападнато девојче фотограф на една новинска агенција.
Дел од луѓето кои протестираат пред Собранието против наводна полициска бруталност со стаклени шишиња гаѓаат кон зградата на Собранието, носат маици или превези преку главите и на секој начин се обидуваат да предизвикаат судир со полициските службеници.