
Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови врнежите ќе престануваат и ќе има разведрување.
Утринските температури ќе се движат минус четири до два степени, а дневните температури ќе бидат од четири до 10 степени.
Во вечерните часови ќе има појава на магла поради што ќе биде намалена видливоста.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до седмиот степен.