Семејството на Заев ужива во странство, додека тој заговара насилен конфликт во државава

Додека лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите поддржувачи веќе четврти ден го реализираат нивното однапред смислено насилно сценарио чија цел е да ја дестабилизира државата, семејство на опозицискиот лидер засолнето на сигурно место, ужива по монденски места.

Имено, додека Заев создава тензија и агресија остварувајќи го своето сценарио за насилство на улиците и активисти на СДСМ се закануваат со крв, Заеви се на одмор во Швајцарија, на луксузното место Локарно, кое можат да си го дозволат само најбогатите луѓе и најпознатите светски ѕвезди кои заработуваат милиони.

Додека неговите најблиски уживаат, активисти на Заев се закануваат со крв и насилство и подготвуваат мрачен план за спас на опозицискиот лидер преку предизвикување на силен конфликт и судири меѓу граѓаните. Извори од партијата велат дека постои добро смислен план за дејствување, масовни немири, тепачки, закрвување.

3

Повикувајќи се на извори од СДСМ, медиумите денеска објавија дека секоја општинска организација добила наредба да подготви 30-50 радикални лица кои би имале задача да бидат лидери во предизивикувањето на насилства и нереди.

И додека најблиските на Заев уживаат во елитни ресторани по монденски места, информациите велат дека крвавиот план на Заев и СДСМ опфаќа и радикалните групи на денот на протестот за да одвојат од толпата и по однапред дадени задачи да продолжат на разни локации низ градот со насилство, кршење на излози, локали.

4

За разлика од обичните граѓани кои секојдневно се држени во заложништво и стравуваат од можна ескалација на состојбата во земјава, стравувајќи за својата и иднината на своите најблиски, најблиските на креаторот на сето ова насилно сценарио се на прошетка по монденски места и уживаат онаму каде што тоа може да си го дозволат само најбогатите луѓе.