
Дете било прегазено од автомобил марка „мерцедес“ попладнево околу 18:30 на улицата „Скупи“ на патот кон Злокуќани.
Од МВР ги потврдуваат информациите и посочуваат дека според првичните информации станува збор за дете.
Прегазеното дете веднаш е пренесено во Ургентниот центар, а за неговата здравствена состојба се уште нема информации.
Извор: Република