Николиќ на пладне распишува предвремени избори

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ денеска на пладне ќе го потпише указот за распуштање на парламентот и одлуката за распишување на избор за пратеници.

Премиерот и потпретседателот на Владата Ивица Дачиќ и Александар Вучиќ, вчера на Николиќ му го предадоа образложениот предлог на Владата за распуштање на Собранието и распишување вонредни парламентарни избори.

Претседателот на Србија тогаш истакнал дека сите се свесни дека Владата направи многу и оствари многу цели, а еден од најважните е почеток на преговорите со ЕУ, имаше една реконструкција и дека со право сфативме дека треба да се провери легитимитетот и потоа да се внесе нова енергија во составот на Владата.